ВИДЕО – „Морска симфонија“ – најголемиот и најлуксузен брод во светот

Најголемиот крузер деновиве плови по медитеранот. „Морска симфонија“ се градел 3 години, долг е 362 метри, а неговиот капацитет е 9.000 вклучувајќи и 2.000 лица кои се персонал. Погледнете го видеото и уживајте во турата на бродот.

 

Сопственикот на крузерот е компанијата „Ројал Карибијан“, на овој брод се сместени 22 ресторани, 24 базени и 2759 кабини. Бродот има 18 палуби.

 

Меѓу таквите делови на бродот е на пример солариум за возрасни и централниот парк украсен со 20.000 тропски билки или водниот парк.

 

Овој брод нуди возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринтот од кој треба да се излезе, симулација на сурфање, но круната на се е Ултимативниот амбис – најголемиот тобоган некогаш направен на крузерот, кој се наоѓа на речиси 46 метри над нивото на морето. Спуштањето од врвот на тој тобоган до дното трае 13,14 секунди.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien