Исланд – земјата на бајките, поларната светлина, термалните базени, национални паркови и уникатна природа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тоа што го нуди Исланд го нема на друго место! 30 работи кои можеби не сте ги знаеле за оваа држава.

 

  • Повеќето Исланѓани веруваат во т.н. „Скриени луѓе” – виленици, џуџиња и тролови
  • Не постојат шуми на Исланд
  • Островот има Ден на пивото: 01.03. секоја година
  • Исландскиот јазик останал непроменет од времето на миграцијата на Викинзите на островот во 9-иот век. Затоа исландските деца во училиштата лесно ги читаат старите саги
  • Нема презимиња на Исланд – Исланѓаните користат традиционален нордиски систем за име што претставува презиме кое се состои од името на таткото или мајката.

 

 

 

 

  • Нема презимиња на Исланд – Исланѓаните користат традиционален нордиски систем за име што претставува презиме кое се состои од името на таткото или мајката
  • Рејкјавик – во превод значи “зачадениот залив”
  • Приходот од излетите на гледање китови го надминува приходот од китоловот
  • Исланд ја имал првата демократски одбрана премиерка геј
  • Исланд ја имал првата демократски одбрана жена претседател
  • Потрошувачката на Кока-Кола по глава на жител е повисока отколку во било која друга земја.
  • Исланѓаните гледаат повеќе филмови од која било друга нација
  • Национален спорт на земјата е ракомет
  • Во Исланд нема комарци

 

 

 

  • Исландската полиција не носи оружје
  • Островот има најголем број на книги и списанија по глава на жител, а 10% од населението ќе ја објави својата книга за време на својот живот.
  • Според последниот попис на населението, на Исланд живеат, меѓу другото, 18 каубои, 52 принцези, 9 вештерки, 59 витези и 14 истерувачи на духови
  • На Исланд имаат развиено апликација која лесно открива дали сте во крвен однос со личноста со која флертувате
  • Исланѓаните не ја ценат сентименталноста во однесувањето и хуморот
  • Во јавниот превоз, се возат само деца и губитници. Сите возат автомобили.
  • Целата земја е на Фејсбук.
  • Англичаните имаат свои пабови. Турците имаат свои чајџилници. Финците имаат свои сауни. Исланѓаните имаат свои термални базени.
  • Преку неделата мирните и трезвени Исланѓани, за време на викендите дивеат. Во петок и сабота навечер, Рејкјавик е врел котел од луди ноќни клубови и забави. Името за забавување од клуб до клуб се вика „Runtur“.
  • Најголемиот европски водопад се наоѓа на Исланд – Dettifoss
  • Во Исланд се наоѓа најголемиот европски глечер, Vatnajokull
  • Исланд е првата земја која донела закон за еднаквост на машките и женските плати
  • Исланд, меѓу првите земји во светот го воведе правото на жените да гласаат

 

 

  • Во Рејкјавик ќе најдете интересни музеи, меѓу кои Панк-музеј и Музеј на фалуси
  • Најлошата навреда за Исланѓаните е кога нивните мали коњи ги нарекувате пони
  • Тие имаат највисока стапка на наталитет во Европа
  • Целата вода на Исланд може да се пие; од славина, од реката, од водопадите…

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи