Тоа што го нуди Исланд го нема на друго место! 30 работи кои можеби не сте ги знаеле за оваа држава.
- Повеќето Исланѓани веруваат во т.н. „Скриени луѓе” – виленици, џуџиња и тролови
- Не постојат шуми на Исланд
- Островот има Ден на пивото: 01.03. секоја година
- Исландскиот јазик останал непроменет од времето на миграцијата на Викинзите на островот во 9-иот век. Затоа исландските деца во училиштата лесно ги читаат старите саги
- Нема презимиња на Исланд – Исланѓаните користат традиционален нордиски систем за име што претставува презиме кое се состои од името на таткото или мајката.
- Нема презимиња на Исланд – Исланѓаните користат традиционален нордиски систем за име што претставува презиме кое се состои од името на таткото или мајката
- Рејкјавик – во превод значи “зачадениот залив”
- Приходот од излетите на гледање китови го надминува приходот од китоловот
- Исланд ја имал првата демократски одбрана премиерка геј
- Исланд ја имал првата демократски одбрана жена претседател
- Потрошувачката на Кока-Кола по глава на жител е повисока отколку во било која друга земја.
- Исланѓаните гледаат повеќе филмови од која било друга нација
- Национален спорт на земјата е ракомет
- Во Исланд нема комарци
- Исландската полиција не носи оружје
- Островот има најголем број на книги и списанија по глава на жител, а 10% од населението ќе ја објави својата книга за време на својот живот.
- Според последниот попис на населението, на Исланд живеат, меѓу другото, 18 каубои, 52 принцези, 9 вештерки, 59 витези и 14 истерувачи на духови
- На Исланд имаат развиено апликација која лесно открива дали сте во крвен однос со личноста со која флертувате
- Исланѓаните не ја ценат сентименталноста во однесувањето и хуморот
- Во јавниот превоз, се возат само деца и губитници. Сите возат автомобили.
- Целата земја е на Фејсбук.
- Англичаните имаат свои пабови. Турците имаат свои чајџилници. Финците имаат свои сауни. Исланѓаните имаат свои термални базени.
- Преку неделата мирните и трезвени Исланѓани, за време на викендите дивеат. Во петок и сабота навечер, Рејкјавик е врел котел од луди ноќни клубови и забави. Името за забавување од клуб до клуб се вика „Runtur“.
- Најголемиот европски водопад се наоѓа на Исланд – Dettifoss
- Во Исланд се наоѓа најголемиот европски глечер, Vatnajokull
- Исланд е првата земја која донела закон за еднаквост на машките и женските плати
- Исланд, меѓу првите земји во светот го воведе правото на жените да гласаат
- Во Рејкјавик ќе најдете интересни музеи, меѓу кои Панк-музеј и Музеј на фалуси
- Најлошата навреда за Исланѓаните е кога нивните мали коњи ги нарекувате пони
- Тие имаат највисока стапка на наталитет во Европа
- Целата вода на Исланд може да се пие; од славина, од реката, од водопадите…