Почина Весна Ангелеска, член на Совет на Општина Прилеп

Весна Ангелеска, советничка во Советот на Општина Прилеп почина денеска на 50 годишна возраст. Ангелеска е родена во Прилеп на 05.10.1967 година. Дипломирала на Педагошки факултет 1995 година. Од 2009. таа беше магистер по Маркетинг менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп. Членка е на о.о. на СДСМ –Прилеп од 1993 година. Во својата кариера бележи повеќе работни позиции и звања: одделенски професор, сопственик на приватна фирма, координатор и асистент во проекти на невладини организации за заштита на човековите права, член на организацискиот одбор на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, консултант, менаџер и директор за шведската компанија „Орифлејм“.

 

Не само како советничка во овој состав на општинскиот Совет, туку и како граѓанка, жена – хуманист Ангелеска имаше голем придонес во општествениот живот во градот. Нејзиното заминување е голема загуба за целата заедница.

 

Во чест и спомен на нејзиното дело и несебичен придонес во општество-политичкиот живот, утре во 10ч. во собраниската сала на Општина Прилеп ќе се одржи комеморативна седница, на која претставници на општествено-политичкиот живот во Прилеп ќе ѝ оддадат почит.

 

Посмртните останки на Ангелеска ќе бидат погребани во 15ч. на старите градски гробишта во Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи