ВИДЕО – Општина Прилеп го ослободи МВР од плаќање на комуналии за изградба на ИКТ центарот

Министерството за внатрешни работи и додели плакета на Општина Прилеп поради тоа што локалната самоуправав го ослободи МВР од плаќање на комуналии за изградбата на Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата кој се гради во близина на касарната „Мирче Ацев“. Изградбата на објектот е финансиран преку ИПА – претпристапната програма за помош на Европската Унија, а инвестицијата чини околу 3,4 милиони евра.

 

 

„Тој објект припаѓа на групата витални, безбедносни објекти, што ќе значи бек ап на електронските податоци на сите државни институции, во случај на елементарни непогоди и други состојби во Македонија. Правени се анализи каде тој да биде изграден, инфраструктурно, да има пристап и одлучено дека од безбедносен аспект е најдобро тој да биде изграден во Прилеп“, истакна Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

 

Објектот треба да биде готов за околу 8 месеци, а изведувач на работите е албанската компанија. „4А-М“.

 

„Со наша заедничка соработка и со наша заедничка заложба мислам дека тоа ќе биде направено и во иднина нашата соработка со МВР ќе биде на највисоко ниво“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

На денешната средба на министерот Спасовски со градоначалникот Јованоски било разговарано и за тоа како да се врати довербата на граѓаните кај македонската полиција и да се зголеми степенот на безбедност.

 

„Разговаравме на повеќе теми, едната е давањето на насоки за позорната служба или маалскиот полицаец, второ активирањето на советите за превензија со конкретен акционен план за посета на сите месни заедници во општините, заедно со припадници на МВР. Да се разговара за проблемите со граѓаните, ние да соопштиме тоа што имаме и на тој начин да помогнеме за враќање на довербата кај македонската полиција. Се договоривме заеднички да имаме пристап кон средување на сообраќајниот хаос во градовите преку една интезивна планска работа во делот на сообраќајот и зголемувањето на свеста кај возачите“, додаде Спасовски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien