Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Фокусирани сме на тоа да ги убедиме сите вклучително и соседна Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО, не само за Грција, туку и за целиот регион, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на завршната прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан.

 

Прашан дали има план Б доколку поради грчките барање не се најде решение, Димитров рече дека треба да бидеме фокусирани на планот А.

 

„Мислам дека за да ги зголемиме шансите за успех треба да размислуваме и да бидеме фокусирани на планот А“, истакна Димитров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video