Стејт департмент: САД ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Американскиот Стејт департмент дава безрезервна подршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ.

 

На прашање од МИА како САД ги оценуваат напорите на новата македонска Влада за подлабоки реформи и демократизација на општеството, од Стејт департментот изјавија дека САД продолжуваат да работат со Македонија на овие предизвици.

 

„Со Владата работиме на спроведување на судските реформи и владеењето на правото, слободата на медиумите и одговорно владеење. САД остануваат верен пријател и партнер на Македонја и ја подржуваме евроатлантската иднина на земјата“, изјавија денес од Стејт департментот.

 

Воедно, САД даваат и силна подршка на возобновените разговори под покровителство на ОН за спорот со името на Македонија и очекуваат разрешување на оваа долготрајна причина за раздор помеѓу Грција и Македонија.

 

„Ги охрабруваме двете земји да демонстрираат потребна флексибилност и креативност за да се најде заеднички прифатливо решение во интерес на безбедноста, економскииот развој и мирот во регионот“,се вели во изјавата од Стејт департментот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video