ВИДЕО – Земјоделците многу малку ги користат средствата од програмата за рурален развој

Земјоделците многу малку ги користат мерките од програмата за рурален развој. Од предвидените средства на годишно ниво се искористувале само 30-тина проценти. Најмногу за набавка на механизација, а сосема малку за другите мерки.  Исто така само 3% од 800 испитаници истакналке дека во рамките на оваа програма аплицирале како здружение, најчесто сите аплициираат како поединци.

Токму поради здружението „Рурална коалиција“ превземаме една граѓанска иницијатива со поддршка на Civica mobilitas која што треба да креира една програма за рурален развој по терк на земјоделците и ќе ги вклучува сите нивни потреби, се со цел повеќе да се искористат средства од оваа програма и да се подготват подобро земјоделците за апликации за ИПАРД програмата.

 

 

„Тука ни се потребни и општините и сите локални институции и токму преку вакви тркалесни маси да се креиира една програма која ќе даде подобри резултати во ииднина. За 2018 програмата е веќе изготвена, повик сеуште нема за истата, ќе го следиме нејзиното спроведување за оваа година, а за 2019 година ќе настапиме со една нашаа програма која ќе биде по мерка на земјоделците и таа ќе биде доставена до Министерството за земјоделство.  Причините поради кои не аплицираат земјоделците се тоа што тие велат дека не добивале навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Средствата остануваат неискористени или исклучиво се користат само мерките за набавка на механизација или трактори. Немаат доволно информации, незнаат како да аплицираат, тоа се главните причини зошто тие не аплицирале. Самата цел на оваа денешна дебата е земјоделците повеќе да се информираат како земјоделците преку здруженијата може да користат средства од програмата за рурален развој, бидиејќи се користат само мерките за набавка на маханизација, а другите мерки не се користат. Затоа средствата остануваат неискористени и на крај тие се пренаменуваат за други цели иако еве за 2018 година има 2 милијарди денари на располагање, а од нив се искористуваат само 30 до 40%“, истакна Лилјана Јоноски, извршна директорка на „Рурална коалиција“ Куманово.

 

Рурална коалиција правела истражување на терен кое покажало дека од над 300 здруженија кои делуваат во руралните средини само 17 од нив користеле  средства од програмата за рурален развој.

 

„Како здруженија имаат многу повеќе средства на располагање, поголеми биле шансите да се делува  и во делот на креирање на политиките, преку здруженија земјоделците имаат можност да членуваат во сите работни тела на Министерството за земјоделство, вклучувајќи ги тука и подсекоториските групи, кои се пак поделени по сектори и тука земјоделците може да го имаат главниот збор. И доколку сите се согласата тиие предлози влегуваат како мерки во програмата, а тоа земјоделците не го користат. Далеку е поголем фондот на средства преку програмата за рурален развој. Исто така далеку е поголем фондот на средства преку програмата за рурален развој кои може да ги користат како здружение, отколку како поединци“, додаде Јоноски.

 

Земјоделцвиите признаваат дека не се доволно едуцирани и информирани за овие мерки и велат дека ваквите трибини се потребни да ги има повеќе.

 

„Не сме доволно информирани за новите програмии кои се нудат од страна на Министерството за земјоделство. Би сакал да бидеме позапознати и како здруженија да аплициираме за да може да ги искористиме тие средства“, кажа Дејан Бошкоски, здружение на пчелари „Братство“.

 

„Тие се добри програми бидејќи преку нив ние ја обновивме во голем процент земјоделската механизација. Овие средби ни помагаат да се запознаеме со новите програми“, Дејан Јовески, земјоделец.

 

„Најмногу земјоделците ја користат оваа програма за набавка на земјоделска механизација бидејќи тоа најмногу ни недостасува“, вели Јовица Попоски, земјоделец.

 

Ова е прва од ваквите предвидени трибини кои ќе се одржат во секој од 8-те плански региони во Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien