Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности до крајот на 2018 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности што треба да се преземат до крајот на 2018 година врз основа на Извештајот од Европската комисија, изјави денеска владниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што соджри Планот 18.

 

„Овој план Владата на Република Македонија го утврди заедно со Европската комисија врз основа на Извештајот, што го добивме во вторникот. Се работи за план што е во почетна фаза и наскоро ќе имаме драфт“, рече Бошњаковски.

 

Посочи дека се работи за имплементација на активности до крајот на 2018 година.

 

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи вчера најави дека во претстојниот период Владата влегува со новиот план 18 што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до и по јунскиот Самит на ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video