Амбасадата на Република Бугарија достави вербална нота за г-динот Орце Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Република Македонија.
„Во Министерството за надворешни работи од амбасадата на Бугарија пристигнато е барање. Во согласност со законските процедури во Република Македонија, Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање“, истакна портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Вербалната нота од Бугарската амбасада во Скопје била испратена на 13 април, а во Министерството за надворешни работи била заверена во архива на 17 април.
Од македонското Министерство за надворешни работи потврдија дека добиле вербална нота од Бугарија во која го предлагаат за нивен почесен конзул во Македонија бизнисменот Јордан Камчев и пристигнало и барањето за егзекватура (согласност на влада и дозвола што му се издава на странски конзул за вршење на конзуларни работи на определена територија во државата во која престојува).