ВИДЕО – Ревија на изворни македонски шарпланинци во Крушево

Во Крушево на Гумење се одржа спезијализирана ревија на изворни македонски шарпланинци, на која учествуваа 50-тина кучиња од овој вид од цела Македонија. Овој настан се органиизира по 4-ти пат, а организатор е меѓународната фондација „Тоше Проески“. Одгледувачите на овие миленици се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци. Одгледувачите признаваат дека шарпланинецот како раса го делат сите околни држави кои гравитираат околу Шар планина, но овие кучиња биле исклучиво македонски.

 

 

„Ова е работно грло не помешано со овие кинолошкии фалсификати кои ни се случуваат на нашите изложби, тоа е една голема мешанија, една комерцијална кинолошка мафија. Овие кучиња се двиижат околу стадото го бранат од дииви предатори, но и вршат некоја работа, сега нашиве изложбени кучиња немаат никаков инстинкт за сточарство“, вели Тони Шмит, одгледувач и истражувач на оваа раса шарпланинци.

 

„Изворните шарпланинци ги сметаат како подобри и поинтелегентни кучиња. Овие новите раси може да се и мешани со бернандинци или друга раса. Луѓето имаат голем мерак за одгледување на овие кучиња, биидејчи овие кучиња се многу интелегентни, не сакаат многу дресура, кога ќе му кажеш еднаш е запамтено“, вели Дејан Чагароски, одгледувач и истражувач на оваа раса шарпланинци.

 

„25 години чувам ваков вид на шарпланинец и сум особено горд бидејќи е наша македонска раса. Ова се изворните кучиња кои ги чувале овците и козите“, вели Рубин Спиркоски, одгледувач и истражувач на оваа раса шарпланинци.

 

 

 

Од овие шарпланинци имало 4 вида и тоа шарпланинец со молосоидна глава, потоа шарпланинци со лупидна глава, мечкина глава кои биле најбарани и шарпланинец со волчја глава.

 

„Ова куче беше шампион лани и преклани и тоа е со молосоидна глава, имаме потоа шарпланинци со лупидна глава, мечкина глава кои се најбарани и волчја глава“, рече Драган Ристески, кој повеќе години одгледува 20-тина изворни македонски шарпланинци .

 

„Овој шарпланинец е со бела боја, многу ретка боја, за разлика од шарпланинците кои сме навикнати да ги гледаме на иизложбите во последните 20-тина години. Исто така карактеристичен е и по тоа што прстите на задните нозе му се дупли, односно тие се викаат запеци “, кажа Зоран Ангеловски, одгледувач на изворни македонски шарпланинци.

 

Организаторите се надеваат овие настани уште повеќе ќе го популаризираат изворниот македонски шарпланинец како посебна раса.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи