На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп денеска компанијата Комфи Ангел организираше хуманитарна акција, а собраните средства ќе бидат наменети за купување на надгледни средства и помагала за посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп.
„Компанијата Комфи Ангел како општествено одговорна компанија денеска организира хуманитарна распродажба во соработка со ООУ „Климент Охридски“. Овие средства ќе бидат наменети за паралелката за деца со посебни подобри со цел да им се обезбеди подобро образование. Оваа хуманирна акција е 4-та по ред и се надевам дека таа ќе стане и традиционална“, вели Филип Велески, менаџер за продажба во „Комфи Ангел“.
Производите кои се продаваа беа по хуманитарни, ниски, цени за сите да можат да си дозволат да купат, а со тоа и да помогнат.
„За 40-тина ученици организираме и настава со посебни потреби. За ваков вид на настава потребни се средства и опрема кои не се ефтини и ние за жал како установа не можеме да ги набавиме. Исклучително сме благодарни на компанијата „Комфи Ангел“ и дел од средставата денес ќе ги донира токму за оваа намена“, истакна Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Климент Охридски.