ВИДЕО – Гоце Јагуриноски нов в.д. директор на „Еурокомпозит“, штрајкот ставен во мирување до четврток

Во петокот попладнето управниот одбор на „Еурокомпозит“ го назначил Гоце Јагуриноски за нов в,д, генерален директор кој ќе биде на оваа позиција се до наредното акционерско собрание кое ќе се одржи во месец мај. Вработените денеска ги ставија блокадите во мирување се до четврток за кога им било ветенио дека ќе добијат плата. Вработените се наоѓаат во компанијата но не работат.

 

 

„Утрово разговарав со работниците и синдикалното раководство, сакаат да добијат личен доход, па потоа да почнат со работа. Овие 2-3 дена, ветувањето е дека ќе има префрлање на финансиски средства до среда или четврток, дотогаш ќе бидат во мирување. Денеска требаше да има пак блокирање на патот, но тоа се стопира бидејќи се избра в.д. вршител на генерален директор и луѓето прифатија да бидат во фирмата, да доаѓаат на работа до исплата на личниот доход. Ако до среда или четврток не им се исплати личниот доход ќе ги преземат старите мерки кои и досега беа, односно блокада на патишта и барање решение од Влада. Треба да се склучат договори за да може тој што ќе биде вршител на должноста генерален директор, в.д., или некој друг да може да продолжи да работи, да има финансиски средства за работа, а истовремено да можат работниците да примаат лични доходи“, изјави денеска Јагуриноски.

 

Претходно од Владата им беше ветено дека во рок од 6 месеци ќе им биде решен нивниот проблем, од тоа ветување досега поминаа скоро 2 месеци, а работите не се мрднати од мртва точка. А веќе немало и нови договори за работа.

 

„Се надеваме, бидејќи имаат преземено одговорност и тие и се надевам дека ќе го решат. Иако во некои работи сум песимист, сепак треба да бидеме оптимисти дека ќе прифатат некои работи, за да се разрешат. Знам дека остануваат уште 4 месеци, тука се пензиското што најмногу им е битно на луѓето, при што апсолутно не е покрената никаква постапка, еве и месец дена откако е прифатена оставката на предходниот директор. За овие 4 месеци, јас како што реков сум до следното собрание околу 20 мај, па како ќе се одвиваат тие услови и решенија не можам да кажам, меѓутоа дотогаш ќе гледаме да ја покрениме таа иницијатива преку службите со дописи до Влада, дописи до министерства, за тоа да го разрешиме. Нажалост, има еден договор кој е склучен пред 3 години од страна на Додоски, со МВР, каде земани се финансиски средства, а нема испорачувано роба. Према тој договор треба да испорачаат материјали за МВР. Финасиските средства кои не се повлечени се мали и тие треба да појдат само за материјални трошоци за тоа производство, нема да има за лични доходи. Другото производство, кое што е цивилното, е многу мало. Други договори према Министерството за Одбрана или МВР нема“, додаде Јагуриноски.

 

Според Јагуриноски за излез од кризата најдобро било фабриката да влези во состав или на Министерството за одбара или на МВР како единица за сервис и производство на потребна опрема.

 

„Решение треба да се бара во два правци. Едниот е обезбедување, односно склучување на договори со двете министерства, бидејќи ова е наменска фирма и да ги опслужува двете министерства, или пак да биде сервис. Бидејќи ќе се намалат вработените како технолошки вишок, да бидеме под едно од министерствата и да сервисираат или да произведуваат за самите министерства. Но тоа зависи од одлуката на Влада“, вели Јагуриноски.

 

Од синдикатот денеска најавија дека доколку до четврток не добијата плата повторно же го блокираат патот Прилеп – Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien