„Д Хаундс“ со креативен видео спот за својата нова песна „Заминувам од овде“

Алтернативниот панк-рок состав „Д Хаундс“ (The Hounds) изработија видеозапис за песната „Заминувам од овде“.

 

Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.

 

За видеозаписот на оваа нумера се погрижија Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Тон бандитс“.

 

Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во приказната е Ева Антулеска.

 

„Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада“, изјави фронтменот на бендот Златко Карчески.

 

Бендот „Д Хаундс“ постои од 2008 година. Покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на авторски материјал.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien