Вакцинирањето нема да биде услов за упис во училиштата

Facebook
Twitter
Email
Print

Mинистерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата, но не треба да постои страв дека вакцините се небезбедни.

 

Oва денеска го истакна заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски, кој рече дека индивидуално право е на секој родител да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете, меѓутоа како Министерство за здравство мора да водат сметка за колективната безбедност, бидејќи, како што посочи, едно невакцинирано дете, а инфицирано, може да биде причина за инфективно заболување кај многу дечиња.

 

„Во постојан контакт сме со Министерството за образование, ќе ги усогласиме ставовите. Не е точно дека работиме на тоа дека децата нема да се запишуваат во градинка или во училиште ако не бидат вакцинирани. Ќе работиме на тоа на родителите кои се скептични да им укажеме дека кај нив не треба да постои страв дека вакцините се небезбедни“, посочи Чакаровски.

 

Министерот за здравство Венко Филипче во саботата рече дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за упис во училиште и во градинка, а потоа поради негативните реакции, ја ублажи изјавата со дообјаснување дека може да биде оставено да решаваат родители, но со тоа се загрозува колективниот имунитет.

 

Инаку, спогласно Законот за заштита на населението од заразни заболувања, имунизацијата е задолжителна, а оној родителот кој нема да дозволи неговото дете да биде вакцинирано може да се соочи со парична казна од 300 до 650 евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи