Банкината од надвозникот кој се наоѓа на излезот од Прилеп кон Битола веќе два месеци е урната и таа претставува вистинска опасност по животот на граѓаните.
На тоа место на 26 февруари во сообраќајна несреќа животот го загуби 37 годишниот З.Р. од Прилеп, кој со своето возило падна од надвозникот уривајќи ја банкината.
Од тогаш никој од надлежните органи не реагира да се постави нова банкина, а возачите кои секојдневно поминуваат тука реагираат дека малку недостастасува да се загуби уште некој човечки живот.