ВИДЕО – Во пораст сообраќајните несреќи со смртни последици при управување на земјоделска механизација

Во последните 10-тина години во пораст се сообраќајните несреќи со смртни последици при управување на земјоделска механизација. Ова денеска во Прилеп го потенцираше професорот Иле Цанев, Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје на работилниицата насловена како „Безбедност и здравје при работа со земјоделска механизација и хемиски средства во земјоделскиот сектор“. Тоа се случувало пред се поради недоволната едукација и обученост на самите ракувачи на земјоделските машини и невниманието. Работилницата беше во организација на Здружението Достоинствен работник.

 

 

„На оваа средба ќе се посвети посебно внимание во поглед на обезбедување на услови, сè со цел правилна регулација, правилна контрола и управување со земјоделските машини, избегнувањето и сведувањето на минимум на сите оние показатели и фактори кои што може да придонесат за избегнување на некоја несреќа, која што може да биде со повреди, но и со смртни последици. Од друга страна, развојот на земјоделската механизација од година во година бележи сè поголем пораст. Набавката на нова механизација, како на погонска, така и на приклучна, придонесува да постојано земјоделските производители се едуцираат и постојано да имаат и посетуваат одредена обука. Секоја машина си е засебна за себе, во поглед на елементите, во поглед на одржувањето, во поглед на регулацијата, во поглед на потребата во имплементирањето на новата техника или технологија. Поради тоа самите ракувачи мора да се стекнат со основни познавања, да ги исклучат и минималните показатели или фактори кои може да доведат до појава на одреден несреќен случај. Освен непосредното ракување, и учеството на тракторите во самиот сообраќај се исто така фактор за појава на одредена сообраќајна незгода“, истакна Цанев.

 

 

Појавата на несреќи доаѓала како резултат на нерегулирањето на сообраќајот особено сега во текот на летните месеци кога започнувале земјоделските работи.

 

„Невниманието нивно, нивниот замор како резултат на извршување на работните операции, неисправноста на некои од погонските машини, бидејќи старосната структура на погонските машини во Македонија е над 20 години. И покрај обидите да ја обновиме и да воведеме нова погонска механизација во земјоделското производство, сепак таа динамика е многу поспора. Поради немањето на светлосна сигнализација, обезбедувањето на премините, каналите итн., секој брза да ја заврши работата за што е можно пократок период. Најголем дел од самите сообраќајни незгоди се јавуваат како резултат од невнимание од директниот управувач со земјоделската механизација, или од останатите учесници како резултат на нивно незабележување, необележување, вклучување дирекно во сообраќајот итн“, додаде Цанев.

 

Исто така на трибината стана збор и за процесот на заштита на растенијата со хемиски средства и заштитата на земјоделците при апликацијата на овие средства.

 

„Како резултат на општата загаденост на планетата, на општеството, на околината, на животната средина доведува до појава на сè повеќе болести кои што во иднина ќе се интензивираат, и како и нивната и појавата на штетници ќе биде сè поголема. Поради тоа се користат и она со што треба да се прска, но прскаме и за она што не треба. Како резултат на недоволната едукација и обука, активната материја што се дава по хектар површина е многу голема. Од друга страна, самите кои дирекно учествуваат во самата заштита не се доволно обезбедени при самата апликација, односно при самото нанесување на активната материја по хектар површина. Сето тоа придонесува да добиеме небезбеден производ. Тоа значи да остане одреден процент на активна материја која што понатаму пазарот треба да го прифати или не прифати. Во минатото голема количина на производи од соседните земји беа вратени од страна на ЕУ, како резултат на утврдување на појава на резидија, односно остатоци од пестициди во самите плодови. За да не дојдеме ние во една таква ситуација, потребно е преку вакви курсеви да се едуцираат непосредните производители и учесници во самото производство, за да сите тие работи ги минимизираме и да не дојде до појава понатаму. Од друга стран, законите за заштита на животна средина, законите за заштита на растенијата итн,., кои се во фаза на донесување, ќе предизвикаат одредени придвижувања во самиот сектор затоа што ќе дојдеме до ситуација да не може било кој да отиде до земјоделска аптека и да набави средства за заштита“, рече Цанев.

 

 

Од Здружението Достоинствен работник истакнаа дека целта на денешната работилница било да се запознаат присутните со безбедноста и заштитата на здравје при работа во земјоделскиот сектор.

 

„Во однос на денешната работилница за безбедност и здравје при работа со земјоделска механизација и хемиски средства во земјоделскиот сектор е последна од проектот Институционална подрршка, кој што е поддржан од фондацијата Отворено општество, Македонија. Со оваа работилница целта е да ги запознаеме присутните во однос на безбедност и здравје при работа во земјоделскиот сектор, кои што се една од најбитните алатки, а исто така во текот на вчерашниот ден учесниците се запознаа со Законот за работни односи. Во однос на оваа работилница е предизвик кој што го дава наредниот проект, кој што е пак поврзан со земјоделскиот сектор и кој ќе биде поддржан од ЕУ, кој што ќе биде насочен кон градење на капацитети на земјоделските работници, а воедно исто така ќе даде можност да се истражи во делот на видео стории, каде што ќе ја увидиме состојбата на земјоделците во делот на безбедноста и здравјето при работа, а исто така и дискриминација, а воедно и можност за давање на насоки за тоа како да се заштитат младите работниции“, изјави Рубин Аризанкоски, секретар на здружени „Достоинствен работник“.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien