На патот за манастирот Трескавец, покрај новите градски гробишта во Прилеп, на 24 март функционери од локалната самоуправа, како и пратеници во собранието на РМ, засадија 20 садници и ова место го нарекоа „Парк на планетата Земја“.
Еден месец потоа, несовесни граѓани ги искршиле и украле садниците, тука се останати само уште 4 садници и маркантната табла, која од стартот беше далеку позабележителна од самото засадување на 20-те дрвца.
Сега останува надлежните да превземаат соодветни мерки за да ова место прерасне во парк кој достоинствено ќе го носи името кое го има.
114