Започна рехабилитација на патнииот правец за вештачкото езеро кај Прилеп во должина од 2.6 километри, што е под ингеренција на претпријатието за јавни и државни патишта, во корелација со локалната самоуправа.
„Инвестицијата е околу 20 милиони денари, од кои 10 милиони инвестира локалната самоуправа и 10 милиони јавното претпријатие за државни патишта. Ова е првата фаза од рехабилитација на овој потег Прилеп – вештачко езеро, при што се врши асвалтирање на овој дел. Втората фаза, каде што ќе се прават велосипедски и пешачки патеки, направен е проект кој во наредниот период ќе го реализираме“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
Втората фаза од рехабилитацијата на овој патен правец ќе започнела кон крајот на оваа или почетокот на идната година.