ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Огромниот непотизам е главна одлика на 6 месечното владеење на Јованоски во Прилеп

Изминаа 6 месеци откако СДС и градоначалниикот Илија Јованоски се на чело на локалната самоуправа. 6 месеции полни со лицемерие и неработење. 6 месеци во кои животот дојде во Прилеп, но само за блиските на градоначалникот Јованоски и неговата фамилија и тие во врвот на СДСМ. Непотизам на секој чекор, непотизам на секоја страна. Ова денеска на прес конференција го истакнаа од О.К. на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

После 6 месеции редно е Јованоски да и одговори на прилепската јавност дали неговата внука Цвете Станојоска си ја вработи во Општина Прилеп ? Дали другата внука си ја вработи го градинката „Наша иднина“ ?

 

Се замешал Јованоски и во бизнис секторот, па својот зет за сестра го постави за директор на Стопанската комора во Прилеп.

 

Сите советници од владеачката коалиција се вработуваат во јавните претпријатија во градот и државните инстиитуции, кој нели според СДСМ кога беше опозиција беа пренатрупани.

 

Дали сопругот на директорката на ООУ „Кире Гаврилоски“ беше најдобра кадар на огласот па него го вработивте во ЈКП „Водовод и Канализиација“ ?

 

Дали меѓу многуте блиски роднини на функционери на СДС во Општина Прилеп е експресно вработен и сиинот на директорот на ООУ „ Гоце Делчев“ ?

 

Дали меѓу нив во економското училиште е вработен и синот на директорот на затворот во Прилеп  ?

 

Почитувани сограѓани,

 

Ова се само дел од роднините и фунционерите на на СДС кои се вработени во овие неколку месеци. На тие истите на кои во минатото устите им беа полни со зборовите чесност и транспарентност.

 

Наши сограѓани, дел од раководството на СДС, дали на ваков начин планирате да ги задржите младите луѓе во Прилеп ?

 

Дали грижејќи се само за вас лично планирате да му ја кроите идниината на Прилеп ?

 

Дали ова беше вашата програма г-дине Јованоски за враќање на младите во Прилеп ?

 

Прилепчани не очекуваа и не заслужуваат ваков однос од новата власт.

 

Прилеп и прилепчани се срамат од негрижата за градот на градоначалникот и луѓето блиски до него. Прилеп и прилепчани заслужуваат многу, многу подобро.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи