Попладнево околу 14.15 минути се запали настрешницата од старата Стоковна куќа, која се наоѓа над деловните простории од компаниите „Setec“ и „Тинекс“ во Прилеп.
Од противпожарната екипа е веднаш интервенирано и пожарот беше изгаснат за неколку минути. Не е причинета поголема материјална штета, а причините за пожарот сеуште не се познати.