Нервозата кај СДС Прилеп не се сокрива! Многу лажни ветувања, а малку остварувања. Вака реагираа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп реакцијата на градоначалниикот Јованоски, откако тој реагираше на нивниот прес.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
Многу лажни ветувања, а малку остварувања. Од денес секојдневно ќе ги дознавате „должничко, доверителско, фамилијарните односи” на Градоначалникот со неговата фамилија, со фамилијата на директорот на Старски дом, со фамилијата во неговата амбуланта, ќе дознаат кој тоа од Комуналец ја чисти неговата викендица во село Оревоец, а градот се смрдува.
Јованоски, за 6 месеци направивте глупости за 600 пресконференции. Народот е крајно револтиран и бара под итно да се пензионирате и да се посветите на фамилиите, да им дадете шанса на тие што знаат да го водат Прилеп.