Еурокомпозит : Во вторник одиме на протест со шатори пред Влада

Вработените во Еруокомпозит не добија вчера плата како што им беше ветено и најавија дека во вторник ќе постават шатори пред Влада. Новиот в.д. директор Гоце Јагуриноски изјави дека немало плата бидејќи се уште не бил депониран неговиот потпис и немало кој да ја потпиише платата, но вработените велат дека не веруваат повеќе во ништо. За вторник најавуваат протести пред Влада со шатори. Денеска тие повторно го блокираа патот Прилеп-Скопје.

 

„За вторник ќе го искористиме првомајскиот марш на синдикатот ќе одиме во Скопје ќе протестираме пред Влада и остануваме таму со шатори. Решени сме да не се вратиме од Скопје се додека не се реши нашиот проблем. Ништо нема да се случи со таа плата и да ни ја пуштат по 10 или 15 дена“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

Вработените бараат итна средба со премиерот Заев кој според нив единствено можел да им го реши проблемот.

 

„Со новиот директор секој ден сме во контакт, меѓутоа и него го лажат, тој не лажии нас и така. Му ветија дека ќе имаме плата за 2-3 дена, но од тоа нема ништо. Цело време велат дека денеска – утре парите се на сметка, ама факт е дека пари нема“, истакна Цветан Бунтески, член на синдикален одбор.

 

Вработените во Еурокомпозит немаат досега земено 16 плати, а придонесиите не им се платени од 2012 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи