Пајет: Направен е голем напредок во преговорите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските Универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција. Повторил дека САД ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение и од Метју Нимиц, но и од премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји.

 

„Ние силно веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат ова прашање, после толку долго време, а исто така, признаваме дека единствено одржливо решение ќе биде она што ќе го поддржат демократски избраните влади на двете земји“, истакнал американскиот амбасадор и додал дека американската страна има голема доверба во духот што во преговорите го даваат Коѕијас и Ципрас.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video