Заев: Ме местеа за „Поткуп“ за да ги спречат бомбите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во Судот денеска се гледаше целосната снимка за случајот  „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање мито за градежно земјиште, додека беше градоначалник на Струмица. Тој по излегувањето од Судот рече дека со снимката се докажува дека случајот бил монтиран и дека разговорот меѓу него и струмичкиот бизнисмен Сачевалиев на Јутјуб бил објавен со два прекини.

 

„Имавме прилика да ги видиме снимките и со нив се докажува дека има намерни два прекини на снимките, а кои биле направени со зла  намера да се оцрни моето име. Кога се зборува за парите, се зборува за железо, за цемент, за тули, комплетно за организација за црквата. Мене ми е драго што судот овие комплетни докази ќе ги има во предвид и сум убеден дека предметот веќе ќе финишира“ рече Заев.

 

Според Заев најверојатно станува збор за пазарање со одредени политички структури, сведокот Иван Сачевалиев бил агент-провокатор, бидејќи имало истраги против него и се пазарел со тогашната власт за Заев да биде спречен да ги објави таканаречените бомби.

 

Премиерот и неговите адвокати бараа видео-снимката да се гледа јавно, Кривичниот суд им го одобри барањето на што се жалеше обвинителството. Конечната одлука ја донесе Апелација носејќи решение дека снимката, сепак, ќе се гледа зад затворени врати односно со исклучување на јавноста.

 

Заев вели дека по завршување на судскиот процес ќе го бара секој можен начин според законот, да ги добие тие снимки и да ги пушти во јавноста бидејќи во прашање е доведен неговите достоинство и чест.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи