ВИДЕО – Земјоделците од Прилеп, Кривогаштани и Долнени бараат изградба на вештачки акумулации

Вештачката акумулација во Прилеп го исполни својот максимум од шест милиони и триесет илјади кубни метри вода. Но сепак ова езеро е премало за да ги покрие реалните потреби на земјоделците. Само за Прилеп недостигаат уште минимум 3 милиони кубни метри вода. А додека пак Општините Кривогаштани и Долнени скоро и да немаат никакви хидросистеми. Земјоделците со децении се соочуваат со основниот проблем на недостиг на вода.

 

 

„Ако имаме наводнување приносите ќе бидат ако не 50, тогаш сигурно за 40 % поголеми. Во Општина Долнени како производител на 6 милиони килограмии тутун и тоа како се потребни вештачки акумулации“, вели Славен Ѓорѓиоски, земјоделец од с. Сарандиново.

 

„Кај нас можност за наводнување нема никаква. Придодно ако заврни, добро, ако не суша ќе биде голема. Лани лично нас сушата не дотера до нула“, кажа Стевчо Маркоски, земјоделец од с. Пешталево.

 

Велат дека доста е во 21 век да чекаат да заврне па да имаат род. Бараат државата под итно да започне со градба на повеќе вештачки акумулации.

 

„Кај нас моментално нема наводнување никакво. А би требало за да иима поквалитетен род. Ние би плаќале за водата, нема проблем колку треба“, потенцира Пеце Цветкоски, земјоделец од с. Бело Поле.

 

„Како што е на пример езерото во Прилеп што има наводнување, на тие земјоделци им е полесно и поисплатливо“, рече Игор Велески, земјоделец од с. Бела Црква.

 

 

За разлика од лани кога имаше рестрикции и езерото во Прилеп стартуваше само со 70% капацитет, годинава од подружницата „Прилепско поле“ велат дека не очекуваат поголеми проблеми.

 

„Подружницата „Прилепско поле“ уште од февруари започна со склучување на договори со земјоделците. Договорите се склучуваат под истите услови и според истите цени како и претходните години“, изјави Дарко Анреески, „Прилепско поле“.

 

Од министерството за земјоделство велат дека со програмата за рурален развој 2018-та биле обезбедени 11 милиони евра за инвестиции во водостопанската инфраструктура, но сепак за прилепско барем засега не е предвидена изградба на  акумулација за брзо време.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи