По сите рекорди кои ги соборија со „Avengers: Infinity War“, Марвел го претстави и вториот трејлер за нивниот нареден блокбастер „Ant-Man and the Wasp“, кој ќе биде 20. филм по ред од нивниот универзум.
Новите авантури на Ant-Man ќе бидат раскажани од истите ликови од оригиналниот филм, кои ги толкуваат актерите Пол Рад, Еванџелин Лили и Мајкл Даглас, а нив ќе им се придружат уште Мишел Фајфер, Лоренс Фишбурн и раперот T.I.