Францускиот претседател Емануел Макрон за време на заедничката прес-конференција со премиерот на Австралија Малколм Турнбул направи гаф кој ја насмеа целата јавност.
Макрон зборувајќи на англиски направи грешка, па ја нарече сопругата на Турнбул “вкусна”.
„Ви благодарам на вас и на вашата вкусна сопруга за вашето топло добредојде, за совршена организација на патувањето“,изјави Макрон на прес-конференцијата.
Макрон е во Австралија на разговори за тешки прашања, како што се климатските промени и одбраната.