Основен суд Прилеп : Одеземен му е пасошот на поранешниот градоначалник на Прилеп и 5 други лица

Како мерка за претпазливост одземена му е патната исправа на поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески и уште 5 други лица кои се осомничени дека му овозможиле на правното лице „Пела Транс“ да се стекне со противправна имотна корист од 1,2 милионии евра. Кривични пријави за овој случај заработија и Мире Синадиноски, Илија Карески, Љупчо Митрески, Ицко Чупаркоски и Бранко Нешкоски.

 

„Како мерка за претпазливост одземени им се патните исправи на осомничените лица за овој случај. Тие еднаш неделно треба да се пријавуваат во судот. На оваа одлука на судијата Љубен Биноски е поднесена жалба по која треба да расправа Кривичниот совет при Основниот суд во Прилеп“, истакна Жарко Велески, портпарол на Основен суд Прилеп.

 

Според МВР осомничените создавале услови правното лице „Пела Транс“ да биде единствен понудувач и воедно избирана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на Општината Прилеп во период од 2012 до 2017 година, иако пријавената фирма пак, спротивно на  Законот за јавни набавки, не можела  да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци како и нивно несервисирања по склучени репрограмирања за одложено плаќање на обврските.

 

Истрагата за овој случај била во тек.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи