ВИДЕО – Информативна средба за промоција на ЛЕАДЕР пристапот во Охрид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од почетокот на оваа година се одвиваат низа активности за промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој и активностите на Локалните Акциони Групи кои делуваат во руралните заедници во нашата држава во организација на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР со поддршка од Европската Унија и Граѓанската Асоцијација МОСТ.

 

На 27-ми Април во Охрид се одржа информативна средба за промоција на ЛЕАДЕР пристапот и на активностите на Локалната Акциона Група Преспа. Новинарот Соња Трпковкса професионално ориентирана во областа на земјоделството и руралниот развој, отвори дискусија за идентификуваните клучни проблеми со кои се соочуваат жителите од руралните средини на овие територии, и нивната вклученост во активностите на Локалната Акциона Група Преспа.

 

 

„Целта на овој настан е промоција на ЛЕАДЕР пристапот во Македонија, како и работата на Локалните Акциони Групи. На настанот имавме претставници од ЛАГ Преспа, која што делува на територијата на Општина Ресен и кои ни ги претставија нивните почетоци, начинот на нивното функционирање, активностите и досегашните реализирани проекти. Целата идеја на овој проект е да се изврши поголема промоција на Локалните Акциони Групи како дел од европскиот ЛЕАДЕР пристап, кој се спроведува кај нас од 2014 година и да им се даде една поголема тежина на Локалните Акциони Групи кои можат да направат промени во руралните заедници, да придонесат за руралниот развој на нашата држава во целина. Се надеваме дека работата на Локалните Акциони Групи во пелагонискиот регион и пошироко ќе продолжи понатаму и дека ќе ја добијат потребната поддршка Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и дека ќе почне ЛЕАДЕР пристапот да се спроведува со користење на европските фондови и навистина да ја достигне неговата цел и да направи промени во руралните средини во нашата држава“, истакна Мариина Тошеска ЛАГ Агро Лидер.

 

 

 

Овие активности се дел од проектот „ЛЕАДЕР пристапот во Македонија – предизвици” кој има за цел промоција на ЛЕАДЕР пристапот и активностите на Локалните Акциони Групи во руралните средини. ЛЕАДЕР пристапот е дел од политиката за рурален развој на ЕУ, и промовира одржлив развој во руралните региони со посебен фокус на економските и социјалните прашања како и заштита на животната средина. ЛЕАДЕР пристапот како дел од  руралната развојна политика на ЕУ, претставува иновативен пристап кој од своите почетоци во 1991 година до денес, е докажано водич на промени во руралните заедници. Имајќи во предвид дека поголем дел од територијата на нашата земја е рурален, воведувањето на добри практики кои докажано носат позитивни промени врз животот на луѓето во руралните средини и руралниот развој е неопходност.

 

„ЛАГ Преспа од Ресен е формирана во 2014 година, благодарение на проект на Карана и УСАИД, со помош на вработените од пелагонискиот плански регион. После обемната обука и градење на стратегија, започнавме со реализирање на проекти благодарение на меѓународните донатори и соработката со Општина Ресен. Нашите целни групи се жителите на руралните подрачја и делуваме во областа на туризмот, земјоделието и вкупно на одржливиот развој на Преспа. Од реализираните проекти би ја спомнал студијата за преработка во мали погони за јаболка, со можности со конкретни податоци за да може бизнис секторот да отвора такви погони и неколку проекти во областа на туризмот, со промоција на туризмот и вклучување на засегнатите страни, индивидуалните жители со акцент на жителите од селата, особено од селата покрај езерото во Преспа. Моментално имаме аплицирано на неколку проекти од разни теми, меѓутоа сите се во доменот на руралниот развој на Преспа“, изјави Љупчо Крстевски, претседател на ЛАГ Преспа.

 

 

„Општина Ресен во целост ја поддржува иницијативата за формирање на ЛАГ Преспа, уште од почетокот на нејзиното иницирање. Сметаме дека формирањето на една ваква Локална Акциона Група претставува една добра основа за уште поголемо зближување на различните сектори во локалниот економски развој и тоа припојување на јавниот сектор, бизнис секторот и невладиниот сектор. Се надеваме дека во иднина ЛАГ Преска ќе спроведува значајни проекти кои ќе имаат силно влијание врз квалитетот на животот на населението на Општина Ресен, а Општината Ресен е тука да помогне во спроведување и реализација на нивните активности“, потенцираше Татјана Секулоска, Општина Ресен.

 

Претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои делуваат во руралните области се едногласни дека потребно е градење на партнерства и заедничко делување користејќи го „bottom up” пристапот за постигнување на заедничка цел – заеднички придонес во руралниот развој.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи