Компанијата „Гибсон“ оди во стечај

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Светски познатата компанија произведувач на гитарите Гибсон поднесе барање за стечај заради реорганизација на работниот модел, со новите сопственици.

 

Гибсон, фабрика од Нешвил позната по своите легендарни модели „Лес Пол“ и „СГ“, има 500 милиони долари долг, а за тоа, според нив, е одговорна аквизицијата на произведувачите на електронска опрема од другата страна на океанот, чија продажба е во голем пад.

 

Фирмата во барањето до Судот на сојузната држава Делавер наведува како ќе се решат проблемите со прекуокеанската работа и консолидирањето на производството на гитари и аудио опрема.

 

Гибсон годишно произведува повеќе од 170 илјади гитари во повеќе од 80 земји, а на нивните гитари свиреле музичари како Б.Б Кинг, Бом Дилан, Ерик Клептон и Џорџ Харисон.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи