Трет министерски состанок на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Случувањата на Блискиот исток, европската иднина на земјите од Западен Балкан, како соработката во регионот ќе бидат темите на кои ќе се фокусираат шефовите на дипломатиите од Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција, на третиот министерски состанок во Солун, што започнува денес, соопштуваат од грчкото МНР.

 

„Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашањата од заеднички интерес со акцентот на случувањата на Блискиот исток и влијанието на Западен Балкан, перспективата на земјите од Западен Балкан, иднината на Европа, како и на зајакнување на соработката за спроведување на заеднички планови во регионот“, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека ќе се одржат и паралелните средби и на министрите за внатрешни работи, односно на министрите за транспорт.
Надлежните за внатрешни работи од четирите земји ќе разговараат за соработката во прашањата поврзани со меѓуграничната соработка, со акцентот ставен на соработката на полициите во прекуграничниот криминал и противпожарната заштита.

 

Одговорните за транспорт, според грчкото МНР, ќе ги разгледаат начините за зајакнување и надградба на патната и железничка мрежа меѓу четирите земји.

 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од грчка страна ќе учествуваат шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, министерот за цивилна заштита Никос Тоскас и министерот за транспорт Христос Спирѕис.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи