На синоќешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука да се постават двајца портпароли на партијата.
Новинарот Наум Стоилковски и доскорeшниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски се новите портпароли на партијата.
Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше во Телевизија Нова, додека Арсовски до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.
108