Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање и олимпиец, Ставре Јада, со напорни тренинзи веќе ја започна годинешната сезона. Вели дека се чувствува одлично и е подготвен за новите предизвици кои го очекуваат. За порталот Инфо Компас истакна дека за годинава имал поставено две поголеми цели кон кои се стремел.
„Најважните две мои цели за оваа сезона кои ќе се трудам да ги остварам се во нордиско скијање намалување на ФИС поените од 95 за 15 до 20 поени. А втората цел ми е посветување на поголемо внимание на биатлонот каде сакам са остварам норма за светско првенство“, вели Јада.
За 2019 година јада сакал да настапи на универзијадата која ќе се одржела во Русија, Краснојарск, но за тоа дополнително требало да се одлучува.
„Секако тука нема да ги заборам и летните ролер ски натпревари кои ова лето ќе се одвиваат во Крушево и ќе се подготвам најдобро што можам за тие трки кои се закажани за 1, 2 ии 3-ти септември“, додаде Јада.