АРМ ќе учествува на воена парада во Софија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Како знак за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија македонска делегација ќе учествува на воената парада в недела во Софија, по повод 140 години од формирањето на бугарската армија.

 

Припадници на Армијата на Република Македонија во состав од еден ешалон од четвртиот механизиран пешадиски баталјон, од првата механизирана пешадиска бригада, ќе учествуваат на парадата по повод Денот на бугарските вооружени сили, која ќе се одржи на 6 мај во Софија.

 

„Тоа е знак на партнерство и сојузништво. Тоа е знак дека ние ја прифаќаме Македонија за наш партнер и како иден сојузник во НАТО и како парнер на Балканот“, изјави бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој денеска во Софија се сретна со неговата колешка Радмила Шекеринска.

 

Учеството на единица од АРМ на парадата е врз основа на прифатената покана за учество, од страна на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, за време на неговата официјална посета на Република Македонија во февруари годинава.

 

На самата воена свеченост на изведување на парадата на 6 мај во Софија, ќе присуствува и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video