Димитров: Главната разлика е опсегот на употребата на името

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Солун, изјави дека главната разлика во спорот за името е промената на Уставот и опфатот на употреба. Димитров потенцираше дека целта е да се најде чесно одржливо и трајно решение, решение што ќе продуцира пријателство, а не фрустрации.

 

„Разлики уште има, ова што вчера и денес го наравивме испитувавме комбинации, едната и другата страна би можеле да ги прифатат и тоа е нашата задача Треба за овие елементи да разговараме и дома. Зборот ќорсокак јас не би го употребувал, прашањето е комплексно влогот е многу голем, многу денови и многи ноќи имаме поминато за да ги разбереме грижите и чувствата. Знаете дека главната разлика е опфатот на употреба“, изјави Димитров.

 

Тој порача дека знае оти очекувањата од проговорите за спорот за името се големи, а средбите се чести и се одвиваат речиси секоја седмица. Но, според него, исто така и рововите од каде што почнале биле многу длабоки. Според Димитров, со Коѕијас ги истражувале опциите и комбинации од потешките прашања кои останале. Тој порача дека средбата била многу отворена и корисна.

 

„Целта е да најдеме едно чесно одржливо трајно решение кое двете страни ќе можат да го прифатат“, порача Димитров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи