Коѕијас: Сите созреваме преку преговорите, се надевам никого нема да разочараме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ако имаше напредок немаше да бидам овде, ќе правев забава, но мислам дека ќе правиме забава, ако успееме тоа ќе биде најрадосниот момент за мене, изјави Коѕијас на прес-конференцијата во завршувањето на билатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

 

Тој потенцираше дека е очигледен ставот на македонската страна дека е крајно време да се дојде до решение на ова проблематично прашање.

 

„На двете страни им е јасно дека не треба да се гледа кусогледо, треба да се фокусираме на значењето на проблемот. Англичаните би го рекле променувач на играта, ако копчето се притисне, играта ќе се смени, двете страни се повеќе сфаќаат дека нашиот голем геостратешки проблем не е во односите меѓу нас. Сите созреваме преку преговорите, тоа не го мислам само јас, туку и другата страна, се надеваме дека никого нема да разочараме. Сега тие треба да го донесат нивниот компромис, мислам дека тоа се луѓе со добра волја и може да демонстрираат политичко лидерство“, рече Коѕијас.

 

Грчкиот министер за надворешни работи ја искористи прес-конференцијата и да ги искритикува грчките медиуми за необјективното информирање, особено за изјавата која што тој ја дал во врска со иредентизмот, по состанокот во Виена.

 

„Зборувавме за учебниците во нашата прекрасна земја сосед кои содржат елементи на иредентизам. Димитров, исто како и мојот албански колега, ме праша дали треба да ги проучуваме и грчките учебници. Го признаваме правото да го направат истото со нашите учебници, не е страшно да ги прочитаат нашите учебници. Но, ние во нивните најдовме десетици страници, а тие кај нас 2-3 проблематични страници.  Но, грчките медиуми пренесуваат изјави од политичари дадени во некој провинциски град, а мојата изјава не ја објавија. Колегата Димитров ме праша, јас му одговорив, но грчките медиуми не го објавија одговорот. Тоа е чудно новинарство“, рече Коѕијас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи