ОБНОВЕНО – Богоески : За урнатиот плафон известен е изведувачот и надзорот, очекувам разрешување на случајот оваа недела

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За урнатиот плафон известен е изведувачот, надзорот и Министерството за здравство, очекувам разрешување на случајот оваа недела. Ова пред малку телефонски го изјави директорот на општата болница во Прилеп, Драган Богоески. Денеска болницата ја посетиле претставници на фирмата изведувач и надзорот.

 

„Денеска се расчисти собата каде беше урнат плафонот. За случајот известени се сите потребни институции и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе добиеме одговор како дошло до уривањето на плочите од плафонот“, истакна Богоески.

 

Инаку вчера се урна таванот во една од собите на хируршкото одделение во Прилеп. За среќа во собата немало никој во тој момент, а пациентот кој бил сместен во соседната соба бил испратен дома од безбедносни мерки. Болницата беше реновирана пред 2 години. Граѓаните на Прилеп бараат расветлување на случајот и доколку е потребно и некој да понесе одговорност.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи