ВИДЕО : ВМРО-ДПМНЕ : Прилеп се дави во нечистотија, прилепчани не можат да го препознаат својот град

Само за неколку месеци под власт на СДС, Прилеп го изгуби својот сјај. Од најчист град во Македонија, Прилеп за сите општини по грижата за комуналната хигиена и животната средина, денес Прилеп се дави во нечистотија. Прилепчани не можат да го препознаат својот град, своето мало, а најмногу од својот сјај изгуби центарот на градот. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Вложувањето во парковски површини и урбана опрема на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е запуштено и оставено без грижа од одговорните за комуналната хигиена во градов.

 

Пред изборите СДС ветуваше подобрување на хигиената во градов и зголемена грижа за животната средина. Како што им ветуваа на прилепчани намалување на цената на водата, а всушност изгласаа нејзино поскапување, така и со хигиената во нашиот град. Ветуваа зголемување на зелените површини, а запоставени се постоечките.

 

СДС ветуваа здрава животна средина, а денес прилепчани не го препознаваат својот град од нечистотија. Ветуваа ефикасен стационар за кучиња скитници и шинтерска служба, а сведоци сме дека кучињата скитници остануваат незгрижени и без никаков третман. Ветуваа подземни контењери за да не се ширело реа од постоечките, денес не само што нема нови, туку и сметот е расфрлан нашироко околу постоечките контењери.

 

Еве неколку фотографии на кои се гледа негрижата и неспособноста на локалните власти предводени од СДС. Ваквите слики се секојдневие за сите жители на Прилеп.

 

Апелираме до градоначалникот и директорот на јавното комунално претпријатие Комуналец да прочитаат што им ветиле на прилепчани, да престанат да си играат власт и да започнат со работа. Прилеп не смее да биде оставен на немилост до следните избори и доаѓањето на одговорни функции одговорни лица.

 

Прилеп не е приватна сопственост и грижата за градот е најмалку што морате да направите. Прилепчани ја гледаат разликата“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи