Адвокатите на Груевски бараат изземање на обвинителите од „Тенк“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски побара од судот изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева и на обвинителите кои го застапуваат обвинението, во случајот Ленче Ристоска и Стефче Донев.

 

Адвокатот Димитар Дангов го достави ваквото барање до судот на денешното рочиште за случајот во кој на Груевски и на Ѓоко Поповски им се суди за нелегалната набавка на луксузниот мерцедес.

 

Како причина за изземањето е наведена претпоставката дека Катица Јанева, како граѓанин, со кривичното дело за кое што се товарат обвинетите е оштетена. Теоријата на адвокатите е дека СЈО е корисник на буџетски средства и дека поради тоа Јанева е оштетен граѓанин поради што се бара нејзино изземање од постапката за набавката на блиндираниот мерцедес од речиси 600.000 евра.

 

Обвинителите од СЈО побараа пауза до 14 часот за да може да одговорат на поднесеното барање за нивно изземање.

 

За Јанева не е предвиден орган во државата кој би одлучувал за нејзиниото евентуално изземање бидејќи државниот обвинител не смее тоа да го прави.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи