ВИДЕО – Велкоски : Единствен позитивен аспект од Втората светска војна е ослободувањето на колонијалните држави

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По повод празникот 9 мај, Денот на победата над фашизмот, во просториите на Организацијата на борци во Прилеп се одржа предавање на тема Втора светска војна завршни операции, капитулација на Оската. Историчарот Илија Велкоски ги запозна присутните со дел од настаните во војната.

 

 

„Сојузот на борци од Прилеп секоја година традиционално одржува по едно предавање во врска со НОБ или операциите од Втората светска војна во Европа. Денешната тема ќе ни биде : Втора светска војна завршни операции, капитулација на Оската. Целта е да ги задржиме традициите од НОБ. Ние како членови поддржувачи на Организацијата на борции сме околу 2.000. Но живи борци се уште неколку мина и ние сакаме да ја продолжиме традицијата“, истакна Велкоски.

 

Велкоски додаде дека единствен позитивен аспект од Втора светска војна било ослободувањето на колонијалните држави,

 

„Значењето на овој датум е многу важно. Со капитулацијата на Германија и Јапонија настанува нова ера во светските случувања. Покрај негативностите на војната, убиствата и разорнувањата има и еден позитивен тренд. Колонијалните држави сите започнуваат револуција и до 70-тите години се ослободуваат и формираат сопствени држави“, додаде Велкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи