Спасовски: Нема ништо контроверзно во изборот на Хоџа за советник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави денеска дека нема ништо контроверзно во тоа што Џезаир Шакири, т.н. командант Хоџа, е поставен за советник за безбедност на премиерот.

 

„Ако погледнеме подлабоко многу контрадикторни имиња ја водат Република Македонија и учествува во политичкиот и општествен живот од 2002 година до денес. Прашање е што е тука контроверзно. Ако имавме состојба на воен конфлит, предизвикана пред се од тоа што немавме доволно сенс за интеграција на сите граѓани во општеството, тогаш треба да бидеме прагматични при носење на одлуките, а при вакви услови прагматичноста е многу важна за подобрување на сите аспекти од општественото живеење“, рече Спасовски.

 

Тој додаде дека Владата, а не министертвото ќе одлучува до кои документи ќе има пристап советникот.

 

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека доколку се појават екстремистички групи, Шаќири може да помогне бидејќи добро го знае реонот околу Танушевци.

 

Шаќири е ангажиран во Кабинетот на Заев како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борбата против радикализмот.

 

Тој во конфликтот од 2001 година, беше еден од командантите на ОНА. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи