Со положување на свежо цвеќе на споменикот на загинатите на Паркот на Револуцијата денеска во Прилеп беше одбележан Денот на победата над фашизмот. На свеченоста присуствуваше и амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, кој истакна дека овој ден е од особено значење за Македонија бидејќи како резулат од ослободувањето на фашизмот Македонија успеала да ја добие својата државност.
„За народите на Русија и Македонија Денот на победата е од исклучително значење. За Русија Денот на победата е важен пред се бидејќи по цената 30-те милиони жртви, на нашите граѓании, нашите сонародници, ние успеваме не само да ја одбраниме нашата држава, чест и суверенитетот туку успеавме да ја ослободиме и Европа. За Македонија Денот на победата е многу важен бидејќии токму како резулат од ослободувањето на фашизмот Македонија успеа да ја добие својата државност. Во таа страшна вопјна и народот на Русија и народот на Македонија се бореа рамо до рамо. Таа победат е важна и за целото човештво, со таа победата беше обезбеден мир, слобода и она што ние сега го викаме човечки права во цела Европа. Денес ние има даваме почит на оние луѓе кои ни дадоа слобода, ние мора да сеќаваме не само на нивниот хероизам, туку и да обезбедиме можности фашизмот никогаш да не крене глава“, истакна Олег Шчербак, амбасадор на Русија во Македонија.
Градоначалникот Јованоски истакна дека треба секогаш да се потсетуваме на луѓето кои ги дале своите животи за да денес ја имаме оваа слобода.
„Во чест и знак на почит на жртвите од Втората светска војна над победата на фашизмот, денес сите ние се поклонуваме на жртвите на Могилата на Непобедените во знак на Денот на победата на фашизмот, исто така Денот на Европа и Денот на Победата. Секогаш ќе го славиме ии треба да имаме почит кон сите тие жртви кои ја донесоа денешната слобода и на сите сакам да им се заблагодарам кои учествуваат во денешнот одбележување и на руско-македонското друштво и на сите присутни кои денс беа овде и се надевам дека заедништвото кое што го имаме со Русија и во оваа прилика сакам да му изразам благодарност на неговата ексселенција амабасадорот Олег Шчербак за неговото присуство денес и се она што го прави за економски и културен напредок помеѓу нашите држави“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.