Студената Војна не е обновена на иницијатива на Русија. Русија прави се да го намали нивото на тензичноста во светот и Русија дава се од себе да ја запре таа страшна глупава антируска проганда која што се шири во светот. Ова денеска во Прилеп го изјави амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот. Шчервак положи свежо свеќе пред споменикот на загинатите борци на Паркот на Револуцијата.
„Ние моментално правиме се од себе обидите да се обнови Студената војна да не прераснат во жешка војна. Во современиот свет колку што знаете се произведуваат многу лаги. Пропагандна лага е дека ние се мешаме во дел од Балканските држави кои сакаат да стабат членки на НАТО и дека се мешаме во односите Македонија – грциија за да не се реши спорот со името. Не планирам сега да разговарам повеќе околу ова. За сите овие прашања јас детално одговорив во својата статија во весникот Вечер мината недела. Статијата е насловена како „Сага за руската закана на Балканот – лагите и вистината“, изјави Шчербак.
„За добро танго потребни се двајца како ќе игра Македонија е нејзино суверено право“
Околу односите помеѓу Русија и Македонија, Шчербак истакна дека Русија правела се што е потребно за добри билатерални односи помеѓу двете држави кои иимале вековнии заедниичкии релации.
„Русија и Македонија се две пријателски земји кои што се поврзани со повеќевековни историски врски. Во голем дел ние имаме заедничка култура, заеднички јазик и духовнии корени. Искрено сакаме односите помеѓу Руската Федерација и Македонија да се унапредуваат успешно и конструктивно во духот на соработката и взаемното разбирање. Знаете дека во меѓународните односи многу се значајни билатералните врски. А билатералните односи помеѓу земјите се улица со двонасочно движење. За добро танго потребни се двајца. Русија се обидува да биде многу добар партнер со Македонија, а како ќе се однесува Македонија тоа е нејзиино суверено право“, рече Шчербак.