Манчевски: Премиерот сам ги бира советниците

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за информатичко општетство и администрација, Дамјан Манчевски, изјави дека премиерот лично ги избира своите советници.

 

„Во овој случај не се работи за администрација туку за советници на премиерот“, рече министерот одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот список за ангажирање на 56 советници во Владата.

 

Манчевски смета дека бројот на советници кој ги има ангажирано премиерот Зоран Заев не е толку голем како што се перцепира во јавноста и дека во минатото бил повисок.

 

„Бројот на советници на премиерот е значително намален за разлика од предхониот период. Порано тие беа многу повеќе платени во просек, за разлика од денес кога добар дел од нив работат без финансиски надомест за нивните услуги. Владата во текот на денот ќе излезе со податоци. Бројот на советници нема никаква врска со моето министерство, бидејќи нив ги ангажира кабинетот на премиерот според буџетот што го има“, рече Манчесвки.

 

Во врска со надоместокот околу ангажманот на Џезерир Шаќири како надворешен советник за безбедност, Манчевски вели дека тоа е договорено помеѓу Шаќири и Кабинетот на премиерот, и тука нема ништо што е чудно, ниту, пак, се работи за нова пракса.

 

Инаку премиерот има 13 посебни советници, 10 советници и 33 надворешни соработници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи