Американската амбасада загрижена за последните вработувања во владиниот кабинет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По назначувањето на посебниот советник Љубе Бошковски и надворешниот соработник Џезаир Шаќири, американската амбасада во Република Македонија реагира на последните вработувања во владиниот кабинет, со оглед на тоа што тие се наоѓаат на таканаречената „црна листа“ на САД.

 

„Ние ја изразивме нашата загриженост до Владата на РМ бидејќи сметаме дека назначувањата на одредени функционери претставува проблем“, изјавија од Амбасадата на САД, додавајќи дека сепак тоа нема да претставува ненадминлива пречка за работните односи меѓу амбасадата и владата.

 

Личностите и ентитетите на т.н. Црна листа се санкционираат, меѓу другото, поради „загрозување или помагање, спонзорирање или поддржување на екстремистичко насилство во Република Македонија или на друго места во Западниот Балкан“ и „го загрозиле мирот или ги намалиле безбедноста и стабилноста во овие области и поширокиот регион, ги потцениле авторитетот, напорите и целите на ОН, НАТО, и други меѓународни организации“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи