ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Децата за сместување во градинка се делат по партиска линија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Продолжува партизирањето на институциите во Прилеп. Хунтата на власт секојдневно си поигрува со трпението на граѓаните во Прилеп. Пипците на локалната власт допреа и до градинките. Скандалозно е објавата на медиумите дека во детските градинки во Прилеп има место само за деца на истакнати членови на СДС. Истакнаа денеска на прес конфереција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Ваквиот начин на работа говори само едно, а тоа е дека оваа власт е ненародна и дискриминаторска.

 

Не им беше доста вработувањето на внуцит, братучедите и другите роднини, па сега по партиски клуч сместуваат и деца по градинките. Случајно или не во списоците кои излегоа во јавноста, во графата мајка, стојат имиња како Валентин, Кристијан пазари, Ирена УЈП и слично. Имиња кои потсетуваат на истакнати членови и функционери од СДС Прилеп. Ова е срамно и досега невидено.

 

Додека за скандалот за кој разбра цела држава молчат сите, ВМРО-ДПМНЕ под итно бара одговорност од градоначалникот, директорот на градинката „Наша иднина“ и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Дали на ваков начин се гради едно заедночко општество за сите, кое го ветуваа. Дали со дискриминација и поделба на децата на деца од вмровски семејства и деца од семејства симпатизери на СДС, граѓаните ќе добијат подобар живот.

 

Ова е вистински дебакл и уште еднаш докажува со каква власт граѓаните си имаат работа, во изминатите година дена на централно  и шест месеци на локално ниво. За заеднички напредок потребни се проекти, а не партиски клуч за згрижување на дечињата. Проекти како што е градинката во основното училиште „Рампо Левката“, која што беше целосно завршена во месец септември, а се уште не е функционална.

 

Дали на штета на дечињата и нивните родители СДС го одложува згрижувањето на најмладите само со една цел, граѓаните да заборават дека тоа е комплетно реализиран проект од ВМРО-ДПМНЕ? Со ваквите дневнополитички трзалици губат најмногу граѓаните на Прилеп. Прилепчани заслужуваат подобро.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи