Балканистан: Среде парк во Берлин вртеле јагниња на ражен, интервенирала и полицијата

Необичен призор ги дочекал посетителите на паркот во Берлин, а морала да реагира полицијата и пожарникарите. Неколку семејства од Балканот печеле јагниња на импровизиран ражен среде паркот. Механизмот бил поврзан со акумалтори од нивните возила, за јагнињата да се вртат автоматски.

 

„Имаа акумулатори, јагленот беше распален, кога ги прашавме зошто го прават тоа, ни рекоа дека го слават Велигден, како и секоја година“, напишаа берлинските полицајци на својата службена фејсбук страница.

 

Од полицијата велат дека се работи се иселеници од Босна и Херцеговина.

 

Тие добиле наредба да го размонтираат импровизираниот ражен, а можно е да добијат и парична казна. Како што се наведува, полицијата не пријавила никакви инциденти, а групата покажала „добра соработка“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи