Владата на Р.М го прифати предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија.
Измените предвидуваат укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.
Како што појасни портпаролот Миле Бошњаковски, малопродажните места се уште ќе треба да имаат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци, но нема да има временско ограничување на продажба, ниту пак ќе се бараат посебни услови во продавниците.
На бензинските пумпи нема да се продаваат алкохолни пијалоци, додека пак ќе биде дозволена продажба во киосците.