Рот: Решение за името годинава или статус-кво со години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Германија, Михаел Рот, на денешната прес конференција со премиерот, Зоран Заев, порача дека спорот за името со Грција мора да се реши оваа година или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години.

 

Направено е многу, но прозорецот на можноста е мал. Спорот со името треба да се реши оваа година, во спротивно статус квото ќе продолжи и наредните години. Двете страни имаат волја да се согласат за стабилен и прифатлив компромис. Знам дека Нимиц има круцијална улога, но сепак на крајот на краиштата двете влади седнуваат на шоферското возило. Се што ви треба е креативност, флексибилност и отворен ум“, изјави Михаел Рот- германски министер за Европа.

 

Рот истакна дека земјата има долг пат до членство во ЕУ и НАТО, но оти важно е сите страни решително да продолжат да бидат вклучени во реформирање на земјата, со посебен акцент во доброто владеење и владеењето на законот.

 

Германскиот функционер призна дека неколку земји членки на ЕУ се уште се скептичи дали треба да ја прифатат или не Македонија во ЕУ, но увери дека политичари како него работат да ги убедат дека од ова нема да има корист само Македонија туку и самата Европска Унија.

 

Премиерот Зоран Заев од друга страна рече дека со интеграција на Македонија, ЕУ ќе ја обезбеди стабилноста на целиот регион.

 

„Тоа нè прави да останеме максимално посветени на реформите во континуитет. Максимално посветени остануваме и на планот на добрососедските односи и регионалната соработка. Европа ја препозна Република Македонија како земја која воведе нов дух во соседските односи. Секогаш отворени за дијалог врз основа на заемна доверба и почит, фокусирани во тој дијалог да оствариме позиции победа -победа за двете страни“, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата и додаде дека амбицијата на Македонија е покана за влез во НАТО и почнување преговори за пристап со ЕУ во 2018 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи